Ѓубрето како пи-ар: Ново политичко дно на кампањата
Сагата со ѓубрето низ Скопје, според сите проценки, е политички мотивирана, иако нема јасна констатација кој стои зад неа и со каква цел се спроведува оваа примитивна пи-ар пропаганда. Дека е така се гледа и од тоа што на социјалните мрежи каде што виреат ботовите на партиите, тоа е главната тема.
Една од најчестите костатации е дека не Данела Арсовска, туку токму власта на ВМРО-ДПМНЕ ја создаде кризата за да прати порака дека – ако не гласаат за нивните кандидати во Скопје, ова ќе ги снајде, односно ќе си поминат како Данела во Скопје. Попросто кажано, или ќе гласате за ВМРО-ДПМНЕ или ќе имате ѓубре (плус ќе немате автобуси, чист воздуд, а можеби ни греење…).
Еве ги реакциите на социјалните мрежи преточени и во добар хумор:
„Фала ВМРО за овие болести. Стаорци да шетаат по градот за да докажете дека Данела не собира ѓубре. Како можевте да ни ризикувате здравјето и децата во опасност да ни ги ставите!!!“
„ВМРО имаат јако замешано прсти намерно да не се собира ѓубре, за кога ќе дојде Орце да пуштат камионите во еден ден се да соберат и да биде ‚Орце го исчисти Скопје‘. Политика проста ко грав и многу ефтина за продажба на IQ81“.
„Камионот од Ѓорче денес собира ѓубре во Центар. Во Ѓорче со недели не е собрано. Ова ако не е доказ за вештачко креирана криза, не знам што е“.

„Уметничка инсталација ‚Ѓубре на платно‘“.
„Ѝ наредиле на осудената од Комуналец да не праќа камиони за чистење ѓубре, за Орце да докаже дека може да го исчисти за 72 часа, за две недели отсега. Крај на 2025 година, импресионираат народ со (не)чистење ѓубре. Јавна администрацијо, спремај се!“
„Главните виновници за тоа што Скопје сега е затрупано со ѓубре тераат кампања со собирање на истото. Абе да ги гласате во втор круг уште појако“.
„Предлог протест – соберете го цело ѓубре што може да го носите со себе и пред влада истурете го. Имам некое чувство дека тоа ќе најдат начин да го исчистат“.
„Настапуваат со наратив, гласај за нашиот, пошто ако не, пак ќе саботираме во градов и твоја фамилија и деца пак ќе умираат у ѓубре и стаорци. И ќе гласаат. Језиво“.
„Најголемото ѓубре во државава се наоѓа во Владата, Собранието и Судот. Потребно е темелно чистење. Од коренот“.
Зошто Орце вчера додека скопјани спиеја не отиде да се слика со неговиот колега Изет Меџити на Бит Пазар пред овие купишта ѓубре? pic.twitter.com/sPESSCtr1b
— Професорката Мила (@UcitelkataMila) October 24, 2025
„’Кум’ човече! Мицко Форд Копола! Ако изберете некој друг освен Орце, може во Советот да не изгласаат за собирање на ѓубрето, а штета е олку убав град да се дави во ѓубре, лош воздух од депонии, немање градски автобуси, размислете за ова. Штета ќе биде“.
„Скопјани: Катастрофааа, ѓубре насекаде, нефункционален град…
Најново: ВМРО-ДПМНЕ фаворит на анкетите за градоначалник на Скопје ( Партијата на градоначалникот на Скопје и партијата која владее последните четири години со Скопје)“.
„Орце, не мора Скопје, еве Кисела Вода исчисти ја за 72 часа, доволно е да ни покажеш дека можеш и сите ќе те гласаат… Кисела Вода тоне во ѓубре како и цело Скопје“.
„Колку е убав овој свет: Тука тон ѓубре – а онаму пет“.
„Зошто не престанеме да плаќаме ѓубретарина додека не го чистат градов?“
„Кога се очекува соопштението од Бугарите да кажат дека и глувците се бугарски?“
„Проблемот со ѓубрето е пред првиот круг од изборите воопшто да започне, со недели па и со месеци контејнерите се преполни, а покрај нив има мини депонии. Прашање е зошто ова прашање е број еден тема по медиумите и вмровските градоначалници веднаш по денот на изборите, т.е од понеделникот? Зошто претходно не снимааше Орце вакви видевца?“
„Да повториме за овие од штабовите!! Мнозинство на совет се ДПМНЕ, директор на ‘Комуналец’ е од ДПМНЕ, Управен одбор се ДПМНЕ, Влада се ДПМНЕ…“
„Добро, навистина сметате дека Орце е виновен за ѓубрето??? Данела не смеете да ја чепнете? Четири години е градоначалник освен тоа што смени милион директори и се шеташе низ Европа, што направи?“
„Орце чекаше да види како ќе помине на избори за да го чисти ѓубрето? Зошто 4 години не го чистеше? Ова е директна манипулација, уцена на граѓаните на Скопје“.
„Ако не гласате за нас, ќе продужиме да ви го правиме ова што 4 години ви го правиме.( Одат и гласаат)“.
„Изборот вмроните повторно да го водат Скопје уште 4 години по катаклизмата што ја направија ќе се изучува во психологијата како Скопски синдром“
„Ново македонско знаме, за да одговара на ситуацијата со ѓубрето и глувците“.

„Мене, ова со ВМРО ми личи на ‘рекет’. Ако не гласате за нас ќе ви го блокираме градот и нема да собира никој ѓубре, нема автобуси, нема паркови…“
https://t.co/JVifcUqbrX pic.twitter.com/eRZ5v5fDfx
— Волкот од шумата 🌲 (@wolf_forest_228) October 23, 2025
„Денешното наместено појавување на некои кандидати, за наводен спас од ѓубрето, само потврди дека оваа потенцијална зараза е смислена и организирана за собирање политички предизборни поени. И кога демек среќни ќе се разбудиме покрај празни контејнери во нашите маала, доцна ќе заклучиме дека во нашата реалност, потрошувачката кошничка отишла во плафон, дека кампот за мигранти е веќе 80% полн, дека за Маршот на ангелите ќе чуеме само ако не им го исечат интернет кабелот на Инфомакс, додека картите во еден правец веќе ќе бидат чекирани, бидејќи реалноста одамна веќе не живее тука…“
„Додека се замараме со евтини ПР кампањи за чистење на ѓубрето од оние кои ја предизвикаа таа ситуација, не забележуваме дека инфлацијата рипнала како луда, животот е многу скап, платите стагнираат, а нешто се шушка и за бегалски кампови. Мислам дека Македончето се зезна како никогаш. Уценуваат … од ВМРО дека ако не гласаме за Орце, Скопје ќе остане со ѓубре затоа што советниците вмровски ќе кочат. Е сега да сме паметни и да им кажеме дека со терористи не преговараме. Ќе биде најдобро ама вмровското во вас е посилно од сѐ“.
„Орце не си ја среди Кисела Вода и не знам како сте толку лековерни да мислите дека ќе го среди Скопје. Поентата е дека тоа што и се случи на Данела, не смее веќе да се случи на било кој нареден градоначалник ако не е вемеро. Пробуваат да прикажат чистење на ѓубрето само во општините каде ќе има втор круг. Ништо не е сменето од пред две недели и истите активности можеа и тогаш да ги почнат. Провидна, малоумна, пропаганда“.
„Друже, гласај за Орце оти џабе за Амар, Советот ќе го блокира цело време, а вака е подобро за Скопје и жителите“.
„Па кажете си така бе, отворено без криење дека истото и до сега го правевте“.
„Во кое својство овие двајца ‘чистат’ улици низ Центар? Како стигнавме до ова ниво? Па ваква селска глупа пропаганда ни во е…на Србија нема“.

За крај, соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од денес: „10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС. Граѓаните избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност“.
