Ѓорѓиевски за поканата на дуел: Данела нека комуницира со други институции, не со мене, јас сум зафатен


Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски одби да ја коментира поканата на поранешната  скопска градоначалничка Данела Арсовска за ТВ дуел и повикот да ги објави списоците со луѓето кои биле избркани од работа откако ја презел функцијата.

„Што се однесува на бивши политичари коишто имале шанса дадена од граѓаните, но го потрошиле за апсолутно ништо мандатот, немам што да коментирам. Ете, тие треба со други институции да комуницираат, не со мене.

Мислам дека моето, ете, погрешно да не бидам разбран не ниво, туку мојот фокус во наредниов период е средување на состојбите поврзани со хаосот и нередот што го 0стави во градот Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Арсовска до Ѓорѓиевски: Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот