Ѓорѓиевски: Постои акт според кој не ни треба договор за депонирање отпад во „Дрисла“


Фото: Б. Грданоски

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиев, тврди дека имаат целосно право да одлагаат отпад во „Дрисла“ без никаков договор, затоа што според посебни акти, тоа е регионална депонија.

– Ова е финансиска картица, за фактури коишто ми стигнуваат месеци наназад од „Дрисла“, коишто најголем дел уредно, според динамиката на плаќање и финансиите на општината ги плаќам на Дрисла“. Посериозен и загрижувачки аргумент е дека раководството на град Скопје и директорот на „Дрисла“, за жал, не си ги знаат законите и актите коишто се донесени. Има одлука за прогласување на градежен објект „Дрисла“ за прогласување на регионална депонија на Скопски плански регион. Донесен акт во 2011 година … и тука се наведени сите општини коишто на оваа единствена депонија на територија на Скопје, можеме да го депонираме отпадот, без никакви договори и без никакви измислени потреби коишто ги наложува сега директорот – рече Ѓорѓиев по завршувањето на состанокот на градоначалниците на Скопскиот плански регион.

Претходно, од „Дрисла“ соопштија дека Општина Кисела Вода и Општина Аеродорм немаат договор од март годинава, па се прашуваа каде ли го одлагале отпадот во меѓувреме.