Ѓорческа избори финале на турнирот во Букурешт


 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи на турнирите во Романија. 

Таа денес во полуфиналето на W75 турнирот во Букурешт ја совлада првата носителка, Деспина Папамихаил од Грција со 2:0, по сетови 6:2 и 6:2.

Ова е петто финале за Македонката во 2025 година и четврто последователно. 

Турнирот во Букурешт се игра за награден фонд од 60.000 долари.