Ѓоковиќ, Синер, Алкараз и Дрејпер се откажаа од турнирот во Торонто

Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ принудно се откажаа од турнирот “National Bank Open” во Торонто, поради повредите со кои се здобија за време на Вимблдон.
Двајцата тенисери изјавија дека мора да си дадат време за заздравување од ситните повреди, но ќе се вратат на време на терените за турнирот во Синсинати.
Британецот Џек Дрејпер исто така се откажа од турнирот во Торонто. “На Вимблдон се здобив со мала повреда на рамото и иако не е ништо сериозно, сепак морам да се осигурам дека целосно ќе заздрави за остатокот од сезоната. За жал, нема да можам да се натпреварувам во Торонто и Синсинати”, напиша тој на социјалните мрежи.
Откако од турнирот го најавија повлекувањето на Ѓоковиќ, Синер и Дрејпер, шпанскиот весник “Marca” објави дека и Карлос Алкараз нема да игра во Торонто. Тие наведуваат дека одлуката доаѓа поради презаситениот распоред, а истрошеноста на Алкараз после Вимблдон била преголема за тој да ризикува да игра турнир толку брзо по неговото завршување.
Тоа значи дека четворица од првите 6 тенисери на АТП листата веќе се откажаа пред почетокот на “National Bank Open”.