Ѓоковиќ по шести пат во кариерата го освои завршниот АТП Мастерс


 Новак Ѓоковиќ вечерва во Торино по шести пат во кариерата го освои завршниот АТП Мастерс, откако во финалето по два сета со 7:5, 6:3 го совлада четвртиот играч во светот Норвежанецот Каспер Руд.Осмиот тенисер во светот победи поеден час и 34 минути.

По вечерашната победа Ѓоковиќ се израмни со рекордот на Роџер Федерер кој исто така има шест трофеи на последниот Мастерс во сезоната.

Српскиот тенисер претходно го освои завршниот турнир во 2008, 2012, 2013, 2014 и 2015 година.Ѓоковиќ ја освои 91-та титула во кариерата, а петта сезонава. Руд за првпат играше во финалето на завршниот АТП турнир.

За петте триумфи во Торино, Ѓоковиќ доби рекордна парична награда на АТП турот од 4,74 милиони долари и максимални 1.500 поени. Српскиот тенисер од понеделник ќе биде петти на АТП листата и годината ќе ја заврши меѓу најдобрите пет.