Ѓоковиќ ја освои 92 титула со триумф во Аделаида
Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше денеска на АТП турнирот во австралискиот град Аделаида откако со пресврт го совлада во финалето Американецот Себастијан Корда со 2-1 во сетови (6-7,7-6,6-4).
Финалето траеше три часа и девет минути, а Ѓоковиќ успеа да се врати во игра откако Корда го освои првиот сет, а потоа не искористи и меч топка.
За Ѓоковиќ ова беше 131 АТП финале во кое ја освои 92 титула, од кои 21 на грен – слем турнирите.
Српскиот тенисер ќе има можност да ја освои својата 22 грен – слем титула и со тоа да се израмни со Рафаел Надал на претстојниот Австралија опен кој почнува на 16 јануари.