Медведев стана петтиот играч што го победи Ѓоковиќ во грен слем финале
САД– Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, му честиташе на рускиот тенисер Данил Медведев за триумфот на УС Опен и му посака уште многу титули во иднина.
Србинот синоќа беше на чекор од историскиот успех и календарски Гренд слем.Во финалето го сопре рускиот тенисер, кој славеше со 6-4, 6-4, 6-4.
Oваа година Ѓоковиќ ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но се „сопна“ во последниот меч во Њујорк.
Во мечот којшто траеше 2 часа и 17 минути, победникот сервираше 16 аса, Ѓоковиќ шест, Медведев имаше девет двојни грешки наспроти три на српскиот тенисер. Во брејк-гемови беше 4:1 за Медведев.
„Му честитам на Данил. Неверојатен меч, неверојатен турнир. Ако некој заслужува Грен слем титула сега, тоа е Данил. Има неверојатен тим, еден е од најдобрите момци, добро се сложуваме и забавуваме на турнирите. Му посакувам уште многу титули. Сигурен сум дека ќе биде повторно на оваа сцена во иднина “, рече Новак за новиот шампион.
Ѓоковиќ оваа година запиша 27 последователни победи на големите турнири. Иако ја имаше поддршката од публиката во финалето, сепак но не успеа.
„Само сакам да кажам, дека, иако не победив, јас сум најсреќен човек на светот, затоа што направивте да се чувствувам посебно на теренот. Никогаш не сум се чувствувал вака во Њујорк. Благодарам за сè што направивте за мене вечерва. Ве сакам и се гледаме наскоро“, порача Новак.
Со оглед на возраста и конкуренцијата, прашање е дали Ѓоковиќ ќе има нова шанса за календарски Грен слем.
Дваесет и петгодишниот Русин стана петтиот играч што го победи Ѓоковиќ во едно грен слем финале.
За Медведев ова е четврта титула во 2021 година и 13-та АТП титула во неговата кариера. Тој, исто така, за првпат освои трофеј на еден Грен слем турнир.