Ѓоковиќ има најмногу победи во историјата на Мастерс турнирите од серијата 1.000


Новак Ѓоковиќ со 2:0 славеше над Камило Уго Карабели од Аргентина и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами, САД.

Српскиот тенисер урна нов рекорд, откако го оствари својот 411 триумф во кариерата на мастерс турнирите од серијата 1.000, оставајќи го зад себе Рафаел Надал.

– Искрено, не сум размислувал премногу за тоа. Секако, чест е да се урне уште еден рекорд. Секогаш можам да се борам за нешто, секогаш кога играм практично и тоа дефинитивно ме мотивира – рече Ѓоковиќ по мечот.

Шпанецот Надал повеќе нема шанси да го стигне Ѓоковиќ кој ќе има можност да го зголеми својот рекорд и во Мајами и на следните Мастерс турнири.

Следен противник во Мајами ќе му биде Лоренцо Музети против кого веќе има одиграно осум пати и запиша седум победи.