Ѓоковиќ и Швјонтек се првите носители на Австралија опен


Првиот тенисер во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ и првиот на ВТА листата, Полјачката Ига Швјонтек се носители на претстојниот Австралија опен во Мелбурн, првиот Грен слем турнир во сезоната. Во машка конкуренција 32 носители се првите 32 тенисери во светот на АТП листата, додека во женска конкуренција имаше мали промени поради повреди и други отсуства.

Носетелите нема да играат меѓу себе во раната фаза на турнирот, а првите двајца не можат да се сретнат пред финалето.  

Втор носител е Шпанецот Карлос Алкараз, единствениот играч кој лани го победи Ѓоковиќ на Грен слем турнирот, во финалето на Вимблдон, трет е Русинот Даниил Медведев, а четврти Италијанецот Јаник Синер.

Рускиот тенисер Андреј Рубљев е петти, Александар Зверев од Германија шести, а Гркот Стефанос Циципас седми.

Данскиот тенисер Холегер Руне е осми носител, Полјакот Хуберт Хуркач деветти, а Австралијанецот Алекс де Минор на 10-ти.

Во женска конкуренција втора носителка е бранителот на титулата Арина Сабаленка од Белорусија, додека трета е Елена Рибакина од Казахстан. Американците Коко Гоф и Џесика Пегула се четврта и петта носителка, а Унс Џабир од Тунис е шесто носител.

Маркета Вондроусова од Чешка е седма носителка, Грката Марија Сакари е осма, Барбора Крејчикова од Чешка е деветта, а Беатрис Хадад Маја од Бразил е 10-та рангирана.

Ждрепката за Австралија опен ќе се одржи во четврток во 5:00 часот по средноевропско време.

Првиот Грен слем турнир ќе се одржи од 14 до 28 јануари во Мелбурн.