Гир: Ова што го прави Џамбаски не е европска позиција ни европска вредност


Она што го прави, што го зборува и заканите што ги  упатува Ангел Џамбаски не се позиции ниту пак вредности за кои се залага Европската унија. Ова е официјален став на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, кој смета дека  изјавите на Џамбаски кон претседателот Стево Пендаровски изминатите денови може да се третираат како закана.  

„Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За вчерашните забелешки на претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ. Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава“, порачаа од делегацијата на ЕУ.