Гир: Не треба да збришете се и да почнете од нула!


Кога сакате да го реформирате владеењето на правото, важно е и да не ги загрозите основните принципи како што е поделбата на власта, порача во интервју евроамбасадорот Дејвид Гир, пред заминување од земјата. Тој потсетува дека последниот Извештај од Европската комисија за напредокот на РСМ забележува дека во некои од клучните области како што се судските реформи и борбата со корупцијата не е постигнат напредок, но смета дека не треба да се збришат одредени достигнувања и да се почнува од нула.

„Луѓето се фрустрирани од недоволниот прогрес, а анкетите ја покажуваат исклучително ниската доверба на граѓаните во судството и јавните обвинители. Јас целосно разбирам дека по изборите треба да има вистинска желба за значајна и радикална акција за да се адресира владеењето на правото. Сепак, она што сметам дека е важно, е дека одредени работи се веќе постигнати. Не мислам дека почнуваме од нула. И не мислам дека треба да збришеме сѐ и да почнеме одново“, изјави Гир во интервју на ТВ Сител.

Околу најавата од ВМР О-ДПМНЕ дека сака да ги распушти Судскиот и Советот на јавни обвинители гир вели дека почнувањето одново звучи атрактивно, сно не води кон целта – вистинско подобрување во вледеењето на правото.

„На пример, бевме многу загрижени за случувањата со Судскиот совет минатата година. Испративме група експерти, оценска мисија. Судии од земји-членки на ЕУ подготвија Извештај со 40 препораки кои треба да се спроведат. Ние велиме – градете врз овие препораки во спроведување на реформите. Можете да биде амбициозни, градете врз постоечкото. И тоа не е само работа на Владата. Тоа е работа и на јавните обвинители, судиите и адвокатите. Тоа мора да биде заеднички напор. Примамливо е да се избрише сѐ што било досега, но кога сакате да реформате област како владеењето на правото, важно е и да не ги загрозите основните принципи како што е поделбата на власта“, потенцира амбасадорот Гир.

Тој сега ги чека предлозите кои треба да дојдат од Владата, а ЕУ е подготвена да даде експртиза, најдобри искуства, добри примери за постигнување на оваа цел. 

Тој ги коментираше и преговорите со Бугарија кои резултираа со компромис од двете страни, оценувајќи дека не би можело да се дојде до поинакво решение.

„ Имаше разлики со Бугарија за тоа како да се продолжи со пристапниот процес. Тие беа надминати со договорот од јули 2020 година и тој договор нуди пат напред и овозможува отворање на прием. Новата Влада стави до знаење дека не е среќна со тој договор и верува дека може да репреговара нешто поинакво. Ги следев преговорите одблизу од есента 2020 до јули 2022. Тоа беше тежок процес. Компромиси беа направени од двете страни и мое лично мислење е дека она што се постигна на крајот беше компромис, не совршен но беше најдобриот што можеше да се постигне во тоа време. Јас сум доста скептичен околу можноста да се дојде до нешто подобро од она веќе е постигнато. Секако дека останува до Владата да се обиде и важно е да се седне со Бугарија во соодветно време но, како што кажав имајќи го предвид моето искуство и она што беше добиено досега, скептичен сум околу можноста, рече Гир во интервју за Сител.

Ако Владата сака да ги почне разговорите со Бугарија, тоа може да го направи во секој момент, вели тој, додавајќи дека после тамошните избори, ќе има и политички авторитети, но нагласува дека сепак, клучот за пристапување во ЕУ се реформите.

-Не сте „заглавени“ бидејќи клучот за пристапување во ЕУ се реформите. И ништо не ја запира Владата да спроведува реформи. Впрочем, Владата има многу силно мнозинство, мнозинство кое ниту една влада во доскорешниот прериод го немала и затоа тие можат да пристапат кон реформи кои ги наведоа во својата програма. Многу од нив се конзистентни со пристапниот процес. Мислам дека сега е време за енергичен пристап кон реформите. И за ова разговараме и со министрите исто така, рече Гир.