Германските Зелени избраа ново раководство


 Делегатите на националната конференција на германските Зелени ги избраа Феликс Банасак и Франциска Брантнер за нови копретседатели на партијата, јави ДПА.

Банашак, пратеник во Бундестагот од 2021 година, освои 92,88 отсто од гласовите, откако претходно Брантнер, кој е парламентарен државен секретар во Министерството за економија, доби 78,15 отсто. Двајцата копретседавачи се избираат за мандат од две години.

Сметана за прагматичар во партијата што ги обединува идеалистите и оние со попрагматичен пристап, Брантнер рече дека на Германија и требаат инвестиции со оглед на загриженоста за состојбата со економијата.

Минатиот месец германската влада ги намали прогнозите за економски раст. Според ревидираната проценка, бруто домашниот производ годинава ќе падне за 0,2 отсто.