Германскиот трговски суфицит во јануари падна на 16 милијарди евра

Надворешно трговскиот суфицит на Германија се намали на 16 милијарди евра во јануари од 20,7 милијарди евра во декември, покажуваат официјалните податоци на Дестатис објавени во понеделникот.
На месечна основа, германскиот извоз се намали за 2,5 отсто во јануари на 129,2 милијарди евра, додека увозот порасна за 1,2 отсто на 113,1 милијарди евра, јавува агенцијата Анадолу.
Германскиот извоз во земјите-членки на ЕУ во јануари изнесува 69,8 милијарди евра, додека нејзиниот увоз од овие земји во истиот период изнесува 57 милијарди евра. Извозот надвор од ЕУ во јануари изнесува 59,4 милијарди евра, додека увозот од овие земји изнесува 56,1 милијарди евра.
Најголем дел од германскиот извоз во јануари отиде во САД, 4,2 отсто помалку од декември, а вредноста на извозот во САД падна на 13 милијарди евра.
Германскиот увоз во јануари доаѓа главно од Кина, што е пад од 2,8 отсто во однос на истиот месец, што изнесува вкупно 12,9 милијарди евра.
Во меѓувреме, месечниот увоз од САД се зголеми за 6,5 отсто на осум милијарди евра. Увозот од Велика Британија, исто така, се зголеми за 18,8 отсто, на 3,6 милијарди евра во јануари. Германскиот извоз во Русија во јануари пораснал за 7,2 отсто, додека увозот од Русија е намален за 15,7 отсто.
На годишна основа, германскиот извоз во јануари падна за 0,1 отсто, додека увозот порасна за 8,7 отсто.