Германски суд: Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи


Слатките познати како Дубаи чоколадо станаа исклучително популарни и барани во Германија, а судот во Келн одлучи дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи.

Производите на Alyan Dubai Handmade Chocolate, кои се продаваат во синџирот на попусти Aldi Sud, станаа вистински хит откако беа лансирани во декември.

Десертот, кој благодарение на TikTok во светот стана познат како Дубаи чоколадо, е комбинација од кремаст ф’стак, крцкав кадаиф (тенки тестенини од брашно и вода) и чоколадо.

Името е погрешно
Но, окружниот суд во Келн издаде привремена забрана за ланецот продавници „Алди Суд“ да го продава производот, тврдејќи дека името е погрешно затоа што конфекцијата всушност била произведена во Турција и Алди морал да престане да продава „Дубаи чоколадо“.

Производот може да биде означен како Дубаи чоколадо во Германија само ако е произведен во Дубаи или има географска врска со него.

Тужбата беше поднесена до судот од увозникот на кондиторски производи Андреас Вилмерс, кој продава производи од Дубаи под брендот Фекс во Германија.

Во декември, Вилмерс ги пријави Лидл и производителот на чоколади Линдт поради истата причина. Одлуката на судот сѐ уште не е правно обврзувачка и Алди има право на жалба.