Германски климатолог предупредува: Земјата се прегрева


 

Германскиот климатолог Мохиб латиф вели дека предоцна е за ограничување на глобалното затоплување на најмногу 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустискиот период. Затоа овој стручњак прогнозира мрачно сценарио.

Латив порачува дека според сегашното однесување на политиката, целта ограничување на глобалното загревање на 1,5 степени, може да се позтигне дури за 10 години, што е предоцна. Овој стручњак и истражувач на климата смета дека порано зацртаната цел не е можно да се постигне.

„Со денешните емисии на стакленички гасови оваа граница од 1,5 степени ќе ја прејдеме за помалку од 10 години. Ако земеме во предвид она што политичарите го прават ширум светот, ние сме веќе на курсот да дојдеме до раст од три степени кога е во прашање глобалното затоплување, а тоа би било катастрофа.“

Латиф жели и наговествуа дека секогаш постојат поважни работи од заштита на околината.

„Се приближуваме до моментот кога мора да признаеме дека времето истече“, вели Латиф.

Денеска во берлин се одржува состанок на министрите на 40 земји за следните чекори кои треба да се преземат во борбата против климатските промени во рамки на Петерсбершкиот климатски дијалог.

На состанокот ќе присуствуваат и германскиот канцелат Олаф Шолц и претседателот на Египет, Абел Фатах ал-Сиси.

Порано од ОН предупредија дека човештвото во оваа деценија мора драстично да го намали користењето на фосилните горива, мора интензивно да пошумува, но и да ја намали конзумацијата на месо и тоа за да се достигне првобитната цел од ограничување на глобалното затоплување на загревањето на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период.

Ова прашање е се попредизвикувачко во контекст на новонастанатите геополитички околности предизвикани со агресијата на Русија врз Украина, и новонастанатата енергетска криза. Во Европа интензивно се спомнува повторно, додуша привремено враќање на термоелектраните.

Затоа, се поставува прашањето како планетата ќе го преживее следното десетлетие кога според порано зацртаните планови се планираше намалување на стакленичките гасови во сите секотори, од превоз, земјоделство и други индустрии.