Германската железница бара 25.000 работници, не треба ни да знаат германски


Националната железничка компанија „Дојче Бан“ оваа година планира да вработи 25.000 луѓе.Околу 9.000 работници ќе бидат распоредени на нови работни места кои сега ги воведуваат, пренесуваат германските медиуми. Целта е двојно да ја зголемат фреквенцијата на патници, но и да ја реконструираат мрежата.

Од кадрите кои планираат да ги примат 2.100 се возачи на возови, 2.000 ИТ стручњаци, 1.600 диспечери и друго. Англискиот ќе стане работен јазик бидејќи со оглед на тоа дека немаат доволно работници, ќе треба да донесат луѓе од странство. Германскиот јазик, кој многумина кочеше за работа во Германија, се чини дека нема да биде потребен за некои работни позиции.