Германската влада со девет милијарди евра ја спасува „Луфтханза“
Германската влада одлучи да и помогне на националната авиокомпанија „Луфтханза“ со девет милијарди евра.
Според дигиталниот економски магазин „Бизнис инсајдер“ што се повикува на извори од компанијата, државата ќе го преземе учеството во компанијата и за девет милијарди евра ќе добие малцински пакет со право да блокира одлуки.
Државата исто така добива до два мандата во надзорниот одбор.
Договор е постигнат вчера помеѓу претставниците на владата и компанијата „Луфтханза“, а директорот на авиокомпанијата Карстен Сфор, канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц треба само формално да го потврдат докуметот.