Германската полиција го одобри отворањето на Октоберфест

Германската полиција на својот налог на X објави дека сите полициски контроли на плоштадот Терезин во Минхен, локацијата каде што се одржува Октоберфест, се завршени и дека е утврдено дека учесниците и посетителите на овој настан не се во никаква опасност.
„Полициските мерки на Терезин се завршени. Не е забележана никаква опасност. Октоберфест се отвора во 17:30 часот“, се наведува во соопштението на германската полиција на Х, пренесува Билд.
Терезиенплац е јавен простор во округот Лудвигсворштат-Исарворштат во Минхен, што се протега на 42 хектари и е најпознат како место на традиционалниот фестивал на пивото Октоберфест, кој првпат се одржал во 1810 година.
И градоначалникот на Минхен попладнево потврди дека „Октоберфест повторно се отвора од 17:30 часот. Полициските мерки на Терезиенплац се завршени“.