Германската министерка Аналена Бербок утре во Скопје


 

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, утре ќе биде во Скопје на повеќе разговори каде што главниот фокус ќе биде македонското членство во ЕУ.

Бербок ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и со други претставници на владата, опозицијата и парламентот.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде на пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.