Германија се соочува и со недостиг на јајца, кои се сè побарани и скапи


САД се погодени од недостиг на јајца, а истото може да се случи и со Германија. Причината за тоа е птичјиот грип, кој предизвикува масовно угинување на живината што се користи за производство на јајца.

Имено, Германското здружение на производители на јајца предупреди дека потрошувачите би можеле да се соочат со драстични ограничувања. Побарувачката за јајца во оваа држава далеку ја надминува понудата. Повеќето фарми за јајца чиja живина беше убиена поради птичји грип, одгледуваат нова живина. Сепак, како што забележаа експертите, ова одгледување трае седум до осум месеци. Освен тоа, поради грипот станува сè потешко да се добијат нови животни.

Поради птичји грип

Зголемувањето на побарувачката за јајца е последица и на нивната позитивна слика – тие се повеќе се сметаат за суперхрана, наместо како фактор на ризик за холестерол.

Потрошувачката на јајца по глава на жител во Германија се зголеми за осум минатата година, на 244.

Од гореспоменатото здружение тврдат дека понудата е веќе ограничена, а цената на јајцата расте, пишува Велт.