Германија го поддржува ембаргото за увоз на руска нафта

Германија ја поддржува Европската Унија во намерата да воведе ембарго на увоз на нафта од Русија. Во текот на последните прелиминарни разговори за шестиот пакет санкции против Русија, Германците се изјаснија во корист на забаната, извести новинската агенција ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори.
Во моментот само неколку европски земји го блокираат ембаргото на испорака на нафта од Русија. Тоа се Унгарија, Австрија, Словачка, Шпанија, Италија и Грција.
Новиот пакет санкции против Русија, освен постигнатото укинување за купување на нафта, може да вклучува и понатамошни санкции против банкарскиот сектор, посебно Сбербанка, како и ограничувања против поголем број физички и правни лица.