Германија ги повика американските власти да имаат доверба во изборниот процес


Не смееме да дозволиме да се доведат во прашање тешко стекнатите успеси, вели шефот на дипломатијата Хајко Мас
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ги повика американските власти да имаат доверба во изборниот процес, бидејќи резултатот од претседателските избори што се одржуваат во САД сè уште е неизвесен.
– Одзивот на гласачите е историски голем, но за жал, и поларизацијата. Затоа е важно сите политички лидери … да создадат атмосфера на доверба во изборниот процес и резултатите, рече Мас.

Претседателот на САД и кандидат на Републиканците Доналд Трамп утрово изјави дека изборниот процес е голема измама и дека ќе го оспори пред Врховниот суд.

Веднаш реагираше штабот на кандидатот на демократите Џо Бајден веднаш, наведувајќи дека ќе се борат против сите напори на штабот на Трамп да се обрати до Врховниот суд со цел да спречи натамошно пребројување на гласовите.