Германија целосно ќе забрани употреба на пластични кеси
-Моето министерство ќе поведе постапка за целосна забрана на пластичните кеси, рече Шулце, која не прецизира временска рамка за спроведување на мерката.
Таа објасни дека целта е да се намали не само употребата на пластични кеси, туку и самата пластика.
ЕУ ќе забрани некои пластични производи за еднократна употреба, како што се сламки, вилушки и ножеви од 2021 година, но дозволи преоден рок за други производи се додека индустријата не успее да ги замени.