Герила акција на „Кој е следен?“ пред Обвинителството


Фото: Б. Грданоски

 

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на Јавното обвинителство, на кое беа испишани имињата на сите загинати и повредени во пожарот, како и имињата на сите кои животот го загубиле во големи трагедии.

„Поминаа 2 месеци од најголемата трагедија во нашата историјата. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста дека зад бројките стојат човечки животи”, соопштуваат од иницијативата.

Од „Кој е следен“ за утре најавија организиран превоз за сите заинтересирани кои од Скопје сакаат да заминат во Кочани и да присуствуваат на „Маршот за ангелите“ протестен марш на семејствата на жртвите кој е закажан за во 16,05 часот на градскиот плоштад во Кочани.