Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистат „Народен фронт“


Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување на малите депонии околу контејнерите на учицата „Народен фронт“ во Капиштец.

Досега го расчистија ѓубрето околу контејнерите кај Цветен пазар или кај последна 23-ка, а продолжуваат по должина на улицата. 

Откако го товарат расфрланото ѓубре, околу контејнерите мијат со цистерна.

Погледнете во живо:

 

Герасимовски најавува дека утре наутро продолжуваат и во дргуите населби, а се надева дека „Комунална хигиена“ ќе ги испразни контејнерите.