Герасимовски на кафе со противкандидатите
Горан Герасимовски новиот градоначалник на општина Центар ги покани на кафе неговите противкандидати во трката за „татко“ на општината Центар со кои разговараше за развојот и првите приоритетни проекти.
-Мило ми е што моите противкандидати ја прифатија поканата за неформално дружење на која разговаравме за општината и приоритетните проекти кои треба да ги реализираме. Сите ние имаме свои ставови и различни гледишта на работите и тоа го ценам, затоа ми е важно секое мислење и идеја, изјави Герасимовски.
Герасимовски во текот на кампањата имаше слични проекти за кои денеска подетално разговараа. На кафе средбата Герасимовски кажа дека општината ќе биде отворена за граѓаните и тој ќе ги прифати, разработи и реализира сите проекти кои се во интерес на граѓаните и кои го подобруваат животот во Центар.Тој појасни дека заедно сите можат да придонесат за подобар и поубав Центар.