Герасимовски: Многу барања стигнуваат за локацијата „Треска“

Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека во општината се сумираат разните типови на барања за дозволи кои изминатиот период пристигнуваат, по пожарот во кругот на поранешната фаврика „Треска“ која се наоѓа на атрактивна локација.
– Таму во моментов има постоечки ДУП со голем број на парцели. Досега немаме дадено ниту една дозвола. До општината стигаат барања и за отстранување на одредени објекти, барања за легализација на објекти, за легализација и откуп на земјиште на легализирани објекти. До сега општината ги прима сите барања и полека ќе постапува по истите. Во овој момент чекаме и насока од страна на Основното јавно пбвинителство за да знаеме како понатаму ќе постапуваме и за самите предмети, како и за расчистување на теренот на „Треска“, изјави Герасимовски.
Во локалната самоуправа вчера состанок одржал и кризниот штаб, а од полицијата добиле одговор дека увидот е завршен и се чека записникот од ОЈО и МВР да се достави до општината и да се види дали пожарот е подметнат.