Георгиев ретерира, Судскиот совет ќе го снима МИА
-Судски совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во работата на Судскиот совет, изјави Георгиев од седницата што се емитуваше во живо на Фејсбук профилот на МИА.
„Само сите заедно со исклучително транспарентна работа заедно ќе постигнеме добри резултати. Барав да има присуство од камера од МИА и ве повикувам и во иднина да ги следите нашите седници. Уште денес ќе стапам во контакт со претставници од МИА преку Судски совет да имаме во иднина редовно снимање на седниците и да се пренесува преку МИА и кој е заинтересиран да презема од МИА“, заклучи Георгиев на почетокот на денешната седница.
Во минатиот четврток, со осум гласа „за“ и четири „против“, на седница на Судскиот совет која беше закажана надвор од работното време, за нов претседател беше избран Сашко Георгиев, откако претходно Весна Дамева беше разрешена на контроверзен начин, кој експертите го протолкуваа како незаконски.