Генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата до 21 јуни
ССМ донесе одлука за повикување на генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат нивните барања до 21.06. Тие побараа:
-Потпишување на колективен договор со кој ќе се утврди линерлното зголемување на платите од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од 30 до 100% од просечната плата во државата.
„Доколку ова не се случи до 21.06 на 22.06 јуни Сојузот на синдикати на Македонија ќе ги повика сите работници како членови и сите останати незадоволни работници да ги прекинат нивните работни процеси на своите работни места и да изразат големо незадоволство или како што велиме ние да направиме генералешн шрајк“, изјави Дарко Димовски – претседател на ССМ.