Гази Баба стипендира таленирани ученици, спортисти и ученици со посебни потреби


Општина Гази Баба денес распиша Јавен повик за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби за учебната 2024/2025 година.

Од општината информираат дека целта на распишаниот јавен повик е директна финансиска поддршка за најдобрите ученици.

Со јавниот повик се доделуваат 25 стипендии на талентирани ученици, 25 стипендии на ученици спортисти и 5 стипендии на ученици со посебни образовни потреби.

Износот на стипендијата е 3000 денари месечно, персоналниот данок го пресметува и плаќа општина Гази Баба.

Стипендијата се исплаќа во период од девет месеци од октомври, заклучно со јуни.

Јавниот повик е во траење од 10 дена од денот на објавување на веб страната на општина Гази Баба.

Ги повикуваме граѓаните на општина Гази Баба да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на стипендија.

Сите заинтересирани граѓани можат да се информираат за условите од јавниот повик на следниот линк: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-dodeluvanje-stipendii-na-talentirani-uchenici-uchenici-sportisti-i-uchenici-so-posebni-obrazovni-potrebi-od-opstina-gazi-baba-za-uchebnata-2024-2025-godina/