Гази Баба доделува 1 милион денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани


По барање на градоначалникот се оддржа итна седница на Советот на општина Гази Баба на која се донесе Одлука за доделување на 1.000.000 денари на сметката на солидарниот фонд на Црвениот крст на Македонија за помош и поддршка на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

На седницата се обрати градоначалникот Бобан Стефковски кој уште еднаш го изрази своето сочувство до семејствата на 59-те загинати граѓани во несреќата која пред два дена се случи во Кочани.

Нема зборови кои можат да покријат болката кои сите ние ја чувствуваме. Она што можеме во овие тажни мигови за Македонија да го направиме е достоинствено да тагуваме, да бидеме солидарни и да се молиме. Ова е трагедија каква Македонија досега не памети. Нема граѓанин кој не чувствува болка и не бара одговорност. И јас, како градоначалник, човек, родител чувствувам болка, тага, но силно од мене произлегува и барањето за одговорност со точно име и презиме. – истакна градоначалникот Стефковски.

Тој потсети дека не е далеку 2016 година кога токму општина Гази Баба се соочи со несреќа во која 22 граѓани ги загубија своите животи, а беше нанесена и голема материјална штета. Кога на општина Гази Баба и беше потребно, Македонија и светот и помогна.

Седницата на Советот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во трагичната несреќа.