„Нашите информации се дека на сцената се нечесни игри. За да поминат уставните измени се организира враќање на Греувски, а тој всушност го започна уништувањето на Македонија и беше најголемиот анти-Албанец премиер до сега. Сите знаеме како ги поминаа Албанците тие 11 години владеење, колку злосторства, колку монтирани процеси беа организирани од негова страна“, рече Гаши.

Според лидерот на Алтернатива, некој  сега се обидува Груевски да го донесе во земјава сакајќи и да направи раздрор во друга партија и да остане на власт. Гаши тврди дека Ахмети ги молел меѓународните претставници за амнестија на Никола Груевски.