Гаши: Сесловенските браќа преку создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста оставија длабока трага во историјата


 Собранискиот претседател Африм Гаши го честита Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, нагласувајќи дека празникот „нè потсетува на големината на мисијата на сесловенските просветителски браќа, кои преку создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста, оставиле длабока трага во историјата на словенските народи.

– Како Собрание, остануваме посветени на унапредувањето на образованието, културата и јазичната разноликост, како суштински вредности на едно демократско и напредно општество. На сите им посакувам празник исполнет со почит кон словенското просветителско наследство и инспирација за нови знаења и духовен напредок, се наведува во честитката на Гаши.