Гаши пуштен од болница, продолжува со работните обврски


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес е отпуштен од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, по дводневен престој и извршени медицински прегледи.

Од неговиот Кабинет информираат дека здравствената состојба на Гаши е добра и стабилна и дека ќе продолжи со институционалните активности согласно препораките од лекарите. Во соопштението се изразува благодарност до директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, како и до медицинскиот персонал за грижата и професионалноста, како и до јавноста за поддршката и интересот.