Гаши хоспитализиран, имал преплет на цревата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има преплет на цревата и е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Информацијата ја потврди директорот на клиниката, професор докрот Огнен Костовски, кој за медиумите изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.
– Пациентот е примен поради преплет на цревата. Ја следиме состојбата и досега немаме одлука за операција. Се работи за преплет црева, но личи на нешто што може да се реши конзервативно. Пациентот е под постојан лекарски надзор – изјавил д-р Костовски.
Веста уште синоќа ја објави Зоран Божиновски кој напиша дека со Гаши дошле толку многу телохранители што докторите едвај му пришле да видат што му се случува.