Гаши ги покани поранешните спикери на средба. Дојдоа тројца
Спикерот на македонскиот парламент, Африм Гаши, ги покани поранешните претседатели на Собранието на средба и дојдоа само тројца – Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески. Ова е втор по ред ваква средба, организирана со цел размена на искуства и мислења.
Гаши ги информира присутните за процесот на донесување на нов етички кодекс за пратениците, како и за процесот на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Целосната дигитализација на работењето на Собранието е важна затоа што седниците на Собранието за периодот од 1991 до 2002 година видео записи има само МРТ. Петковски предложи во процесот да биде вклучен и Државниот архив.