„Гардијан“ објави голема репортажа од Вевчани
Британскиот угледен веснуик „гардијан“ објави репортажа од фестивалот во Вевчани, оценувајќи дека е уникатен настан во Европа. Притоа, весникот споменува дека традицијата започнала пред повеќе од 1.400 години и целото село е трансформирано во театар на отворено, привлекувајќи илјадници посетители. Низ повеќе фотографии медиумот ја доловува атмосферата на фестивалот.
„Се носат маски и вклучуваат ѓаволи, демони и современи сатирични маски.Еден од клучните ритуали е со „невестата и младоженецот“ кои парадираат низ селото и одат од врата до врата.
Млади луѓе облечени како ликови на младоженецот и невестата се движат низ селото Вевчани за карневалот. Еден од клучните ритуали е „невестата и младоженецот“ кои парадираат низ селото и одат од врата до врата“, пишува медиумот покрај фотографиите.
Според описот, Вевчани е спој на стари пагански традиции, со мотиви од христијанството и современи политички теми и ликови, а фестивалот, кој стана главна балканска туристичка атракција, се одржува секоја година по Божиќ и Нова Година и се совпаѓа со 12-те дена од православниот црковен Божиќ и Нова Година.
Објавувајќи фотографија на учесник на карневалот облечен како рускиот лидер Владимир Путин, медиумот оценува дека во последниве години учесниците во Вевчани ги сатиризираат политичките лидери и светските личности од тоа време.
„Се верува дека традиционалните носии инспирирани од паганските корени на фестивалот го протераат злото во новата година. Учесниците на карневалот се нарекуваат Василичари, а настанот привлекува илјадници посетители во малото село. Многу од костимите традиционално вклучуваат ѓаволи, демони, викинзи и други митски ликови.Фестивалската парада завршува со конечното палење на маските, што го симболизира уништувањето на злите духови и крајот на годината. Целото село Вевчани се користи за овој уникатен фестивал во јануари секоја година“, пишива „Гардијан“.