Гана ќе го ангажира Јоаким Лев за селектор на претстојниот Мундијал?


Германскиот фудбалски тренер Јоаким Лев е фаворит за преземање на селекторското место на Гана. Фудбалската федерација на Гана на 72 дена пред Мундијалот го отпушти досегашниот селектор Ота Ада и сега се наоѓа во „временски теснец“.

Преговорите за Лев биле во завршна фаза и се очекува да биде потпишан во следните денови.

Тоа би значело враќање на Лев на селекторската работа и нов Мундијал за него откако со Германија беше светски првак во 2014 година, а откако си замина од клупата на Германија во 2021 година немаше ангажман.

Гана на Мундијалот е во групата Л и за ривали ги има Панама (18.јуни), Англија (23.јуни) и Хрватска (27.јуни).