Ганиу ветува 1,3 милиони евра за подземна инфраструктура во Серава
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска беше домаќин на министерот за Животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Средбата се одржа непосредно пред почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа во четири улици од населбата Серава на општина Чаир.
“Со министерот разговаравме за тековните проекти, но и за оние што очекуваме да ги реализираме заедно со Министерството со кое тој раководи, а кои се многу витални за жителите на Чаир“, вели Ганиу.
Тој истакнува дека го информирал министерот дека во рок од 3-4 месеци само во населбата Серава, каде што живеат над 20 илјади жители, ќе бидат инвестирани околу 1,3 милиони евра за одржување на подземната инфраструктура. “Исто така го посочив и фактот дека реконструкцијата ќе се реализира во етапи, така што ќе работиме на повеќе патишта, истовремено водејќи сметка да не го попречуваме слободното движење на граѓаните“, додава Ганиу.