(Галерија) ЗНМ одбележа 80 години постоење, ги додели годишните награди меѓу кои и за дописничката на „Независен“ од Битола, Анета Блажевска


Наградените од ЗНМ

 

Со свечена академија во Операта Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) синоќа одбележа 80 години од постењето и при тоа ги додели годишните награди на новинарство.

Годишната награда за истражувачко новинарство ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Наградата за животно дело ја добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и фоторепортерот Роберт Атанасовски. Наградата за најдобра регионална и локална сторија ја доби новинарот Ардит Рамадани од „Порталб“.

Наградата за известување на дописниците ја доби дописничката на „Независен“ од Битола, Анета Блажевска. Признанието на Блажевска е за текстовите во кои се обработуваше темата за злупотребата на функцијата поранешната директорка на средношколскиот дом во Битола. Парадокасално, за Блажевска се води судски процес за случајот за кој доби новинарска награда.

Здружението на новинари му додели и признание на Владо Апостолов од БИРН

На свеченоста, покрај бројните новинари, присуствуваа и амбасадори, претставници на политички партии, како и министри.

Награда за животно дело доби фоторепортерот Роберт Атанасовски
СДСМ имаше висока делегација на прославата на 80-годишнината на ЗНМ
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски
Галерија со историските моменти на македонскиот журнализам
Беа и министерите за правда, Игор Филков и Горан Минчев
Од прославата на ЗНМ