(Галерија) Сопругата на Ципрас на гробот на Зорба


Бети Бацијана, сопруга на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, која е заедно со него во посета на Скопје, околу пладне беше на гробот на славниот Грк, Георгиос Зорба, кој е погребан на гробиштата „Бутел“. Посетата на гробот на Зорба беше во рамките на програмата на сопругата на Ципрас, но тоа беше направено дискретно.

Георгиос Зорба живеел во Скопје две децении и бил една од најпознатите боемски фигури пред Втората светска војна. Почина во 1941 година. Неговиот живот беше инспирација за големиот грчки писател Никос Казанзакис да го напише романот „Доживувањата на Алексис Зорбас“. Подоцна е снимен филмот „Гркот Зорба“ кој доживеа светска слава.

Сопругата на грчкиот премиер е инженер по компјутерски науки. Двојката живее во Атина со своите два сина.