(Галерија) Скопскиот Виз-ер маратон се трча по скопските улици
Низ улиците на Скопје, во моментов, се трча традиционалниот Виз-ер скопски маратон на кој настапуваат повеќе од 1.500 учесници.
Дарио Ивановски е првиот македонец, кој го истрча денешниот скопски маратон.
Луиза Гага од Албанија, пак, е првата жена што ја помина целната линија на маратонот.
Поради пандемијата, годинава немаше масовен старт, учесниците во трите трки (маратон, полумаратон и во штафетниот маратон, 4х10 км), стартуваа пред платото на спортската сала „Борис Трајковски“, од 8.30 до 9.15 часот, по петмина, на секои 10 секунди.
На сите им се мереше температурата пред стартот, мора да носат заштитни маски пред стартот и по завршувањето на трката и да држат растојание од 1,5 метар.
Трката се одвива по булеварот „Илинден“ до населбата Хром, потоа по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, низ Центар, до булеварот „Србија“ во населбата Ново Лисиче и назад преку Центар, по булеварот „Илинден„ до СЦ „Борис Трајковски“.
„И оваа година ќе имаме квалитетни натпреварувачи, како и досега, но поради пандемијата влезовите во државите се ограничени и оваа година ќе бидеме без натпреварувачите од Африка“ – изјави вчера директорот на трката Кире Синадиновски.