(Галерија) Селфи во услови на корона вирус

Покрај мерките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните со цел да се спречи ширење на корона вирусот, животот во Скопје продолжува.
Граѓаните внимаваат на себе и на другите. Речиси секој носи маска.
Помладите не ја пропуштија шансата да направат селфи со маска.
Седат на клупи во парковите и покрај Вардар, но едниот на едниот крај, а другиот на другиот крај.
Децата не може да ги спречите да играат, па возат тротинети по речиси празниот плоштад. Сепак, за свој и заштита на другите имаат маски на лицето.
Рибарите уште од рано се на Вардар и фаќат риба.
Фоторепортерот на „Независен весник“ направи фотогалерија, а на фотографиите се забележува дека само питачите, незаштитени седат на Камен мост со испружена рака. Може ќе заѕвечи некој денар во неа, од ретките минувачи.