(Галерија) Мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајка со повреден мотоциклист
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2020/08/Motociklisti-federacija-Crven-Krst-i-MVR-vezba-soobrakajka-23-bg_resize.jpg)
Мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист организираа денеска во Скопје Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Мотоциклистичката федерација и Црвен крст – Скопје.
Мотодефилето почна во 10.20 часот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ и заврши кај порта „Македонија“ во 11 часот.
Организаторите информират дека настанот се реализира како дел од „Летна кампања 2020“ и има за цел подигање на свеста за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот.
Нашиот фотограф Борис Грданоски преку фотографија ви ја доловува атмосферата.