(Галерија) Моден викенд Скопје ја отвори сезоната која ја слави индивидуалноста како колективна сила

Ова не е моден викенд што гледа само кон пистата – ова е моден викенд што гледа кон луѓето


Фото: Б. Грданоски

Јубилејниот Моден викенд Скопје, во сенка на трагедијата што го потресе Кочани и целата јавност, од синоќа, ја продолжува модната приказна, во нов урбан простор, со нова енергија, со нови учесници, старо-нова публика, пред се, со солидарност и сочувство кон семејствата и заедницата, со уште поголема посветеност на вредностите што ги обединуваат луѓето – културата, уметноста и заедништвото.

Фото: Б. Грданоски

Оваа година, под слоганот „Community“, FWSK 30 ја става заедницата во центарот на својата визија и ја слави индивидуалноста како колективна сила. Со модни ревии што раскажуваат приказни, а не само трендови. Public Talk Marathon што го отвора прашањето за одржливост, културна релевантност и улогата на модата во дигиталната ера. Визуелни инсталации и интерактивни изложби на ДЛУМ што ја истражуваат тема на „Community” како форма на самоизразување. Дигитален проект – заедницата учествува во создавањето на „Community Outfits“ преку „mirror fit-check“ со креации од домашни дизајнери.

Фото: Б. Грданоски

„Ова не е моден викенд што гледа само кон пистата – ова е моден викенд што гледа кон луѓето. Бидејќи што е модата без оние што ја носат, што ѝ даваат значење, што ја претвораат во израз?Во време на масовна продукција и брзи трендови, FWSK 30 го поставува прашањето: Кој ја дефинира модата денес? Стилот е твој. Приказната е заедничка“, изјавија организаторите пред модниот настан, омилен кај нас и во регионот. 

Фото: Б. Грданоски

Новиот простор Diamond Residence А Class office кој е дел од проектот Diamond of Skopje, синоќа, на отварањето, уште еднаш се покажа како добра одлука на Света Богова- Јовановска, и нејзините поддржувачи, како топ место кој три дена ќе стане креативен хаб каде што модата, уметноста и заедницата ќе се судираат, создавајќи нешто поголемо од сезонска колекција – создавајќи движење.

Фото: Б. Грданоски

Модната публика, од сите генерации, со свој уникатен стил на облекување, гладна за вакви модни настани во Скопје, кои се се помалку во она што значи квалитет и континуитет, погледнаа три модни ревии од домашната и регионалната сцена. На победниците на натпреварот PAST2FUTURE FASHION: Тим Понгреѓ и Хана Крнц (Словенија), Доротеа Сушиќ и Јана Станишиќ (Србија), Инес Бариќ  (Хрватска) на Ера Ангела и на Георгија. 

Повеќе информации и целата програма ќе ја најдете на: https://fashionweekendskopje.mk/wp-content/uploads/2025/03/Programme-FWSK30-powered-by-UNIBank-MK.pdf

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски