Галант ја применил „директивата Ханибал“ против сопствените војници и цивили


Поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант ја одобрил контроверзната „директива Ханибал“ за време на нападот предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година, денот на нападите од Хамас и другите палестински борци.. Во интервју за израелскиот Канал 12 Галант потврди дека дал наредба во одредени области.

„Мислам дека тактички на некои места беше дадено, а на други не беше дадено и тоа е проблем“, рече тој.

Овој воен протокол дозволува употреба на сила за да се спречи заробениците да паднат во непријателски раце. Политиката е многу контроверзна и се верува дека неофицијално се користела во повеќе конфликти. Директивата дава приоритет на спречување на непријателските акции над заштитата на животите на војниците.

Веќе имаше силни докази, вклучително и извештаи на израелските медиуми, дека израелските сили убиле многу израелски цивили, или во инциденти со „пријателски оган“ или со спроведување на смртоносната доктрина, со цел да се спречат Израелците да бидат заробени живи и да се користат како алатки за пазарење за ослободување на Палестинците држени во Израел.

Во март минатата година, истражниот тим на Ал Џезира емитуваше темелно истражен извештај за тоа што се случи на 7 октомври, разоткривајќи ги израелските пропагандни митови за „обезглавени бебиња“ и „масовно силување“, и вклучително експертска анализа за веројатната имплементација на „директивата Ханибал“. 

Во овој клип со англиски титл од интервјуто на израелскиот Канал 12 со Галант минатата недела, новинарот Амит Сегал им објасни на гледачите дека „директивата Ханибал“ вели да се пука за да се убие кога има возило во кое има израелски заложник. Галант не ја оспори поентата. Поранешниот министер за одбрана, кој беше разрешен од функцијата од Нетанјаху минатиот ноември, рече дека директивата е издадена „тактички“ и „на различни места“ покрај Газа. Ова беше првпат висок израелски функционер да потврди дека „директивата Ханибал“ навистина била примена на 7 октомври. 

Оригиналната директива, која беше чувана во тајност и никогаш не беше објавена, првпат беше спроведена за време на израелската окупација на јужен Либан во 1986 година. Таа ѝ дозволи на израелската војска да користи каква било сила неопходна за да спречи израелски војници да бидат заробени и однесени на непријателска територија, дури и ако таквата акција водеше до смрт на тие заробеници. Откако беше ревидирана неколку пати, директивата беше отфрлена во 2016 година.

Меѓутоа, според израелскиот весник Хаарец минатиот јули, таа повторно била спроведена на 7 октомври 2023 година и беше проширена на убиства на израелски цивили, доколку тоа се смета дека е неопходно за да се спречат да бидат киднапирани од палестински борци.

Израелскиот весник Yediot Ahronot во јануари 2024 година објави дека на пладне на 7 октомври, била дадена недвосмислена наредба од високата команда на израелската војска да се повика на директивата Ханибал во целиот регион. Според израелските новинари Ронен Бергман и Јоав Зитун, наредбата требало да се следи, „дури и ако тоа значи загрозување или оштетување на животите на цивилите во регионот, вклучително и на самите заробеници“.

Истрагата објавена од Electronic Intifada на првата годишнина од нападите на 7 октомври заклучи дека израелските сили, вклучително и тенкови и хеликоптери, можеби убиле стотици свои луѓе. Ал Џезира објави дека 28 израелски хеликоптери Апачи ја искористиле целата своја муниција и морале повторно да се натоварат. Сепак, сториите на Би-Би-Си за „војната“ меѓу Израел и Газа – со други зборови, геноцидот што го признаа научниците, правните експерти и организациите за човекови права – редовно ја вклучуваат следнава копирана и залепена реченица:

„Хамас заплени 251 заложник и уби околу 1.200 луѓе кога го нападна Израел на 7 октомври 2023 година, предизвикувајќи војна во Газа“.Оваа линија наликува на изјава за печатот на израелската влада. (Медиа Ленс)