Гаф на Нетанјаху: Го покани Борис Јелцин наместо Борис Џонсон


Премиерот на Израел Бенџамин Нетанјаху за време на својата посета на Лондон го нарече британскиот колега „Борис Јелцин“ наместо Борис Џонсон.

Нетанјаху го помеша името на британскиот премиер на почетокот на состанокот во кабинетот.

Јелцин, кој умре во 2007ма година, беше претседател на Русија во деведесеттите години од минатиот век.