Г7 бара да продолжи извозот на украинското жито, Русија одбива


Бродот „Разони“, првиот брод со жито што го напушти украинското пристаниште Одеса според договорот постигнат со посредство на ОН, го напушта пристаништето на 1 август

Групата седум економски најразвиени земји (Г7) повика денеска на „продолжување, целосна имплементација и проширување“ на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата во Црното Море, соопштија министрите за земјоделство од земјите – членки на групата.

Претходниот договор беше со посредство на Обединетите нации и Турција и беше потпишан во Истанбул во јули минатата година, овозможувајќи и на Украина да извезе повеќе од 27 милиони тони жито од неколку нејзини пристаништа на Црното Море.

Русија, сепак, најави дека нема да дозволи продолжување на договорот.