Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија


Фудбалерките на Љуботен ja одбранија титула во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Скопје ја совладаа Тиверија Брера со 3-0 (1-0).

До својата трета куп титула во клупската историја тетовскиот тим дојде сосема заслужено со головите на Огочукву во 45 и 49 минута и Величковска во 89 минута.

Љуботен го освојуваше фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција и во последните две изданија, во 2023 и 2024 година, додека Тиверија Брера остана на еден трофеј (2018) во своето трето Куп финале.

Натпреварот за пехарот во Купот на Македонија во машка конкуренција е на програмата на 21 мај кога во финалето ќе играат Вардар и Струга.